Научниците со години се трудат да откријат дали на површината на Марс или под неа има траги кои би дале одговор на прашањето дали некогаш имало живот на Црвената планета. Едно ново истражување кое го објавија научници од Европската вселенска агенција откри дека под површината на Марс некогаш имало подземни езера со вода. Освен тоа, во пет од езерата се откриени минерали кои се клучни за развој на живот како што се глината, силикатите и јаглени.
Благодарение на податоци од леталото Mars Express, научниците открија дека Марс на почетокот била водена планета. Но, како што се менувала климата, така водата од површината се повлекувала во подземјето. Тие истражиле 4.000 метри длабоки кратери на чие дно нашле минерали кои настануваат само во присуство на вода.
„Ја следевме таа вода и ги пронајдовме првите геолошки докази за планетарниот систем од подземни води на Марс“, изјавија авторите на студијата.
Се проценува дека подземните езера настанале пред околу 3,5 милијарди години, а веројатно биле поврзани со океан на површината на Марс. Иако научниците уште немаат пронајдено конкретни докази дека постои живот на Марс, се чини дека се се поблиску до тоа откритие.