Соња Николовска: Во САСА не постои поделба на „машки“ и „женски“ професии!

- Advertisement -

Соња Николовска е раководителка на лабораторијата во Рудник САСА

 

Колкав временски период работите во рудникот Саса и во што се состојат вашите работни задачи? Колку членови брои вашиот тим?  

- Advertisement -

– Во лабораторијата на Рудник Саса сум од 2008-ма година. Почнав како лаборант и постепено напредував до позицијата на која сум денес. Лабораторијата на Рудник Саса се состои од две засебни лаборатории кои формираат една функционална целина. Тоа се: лабораторијата за хемиска анализа и лабораторијата за рендгенска спектрометрија. Главната работна задача на раководителот на лабораторијата е управување и координирање на сите операции, односно давање напатствија и организирање на работата, за навремено и квалитетно извршување на сите задачи и функции на овој оддел. Потоа, планирање и спроведување на разни обуки на вработените за стручно усовршување во областа во која работат, изготвување месечни, квартални и годишни извештаи во кои го презентираме сработеното во тековниот период. Бидејќи сум истовремено и претставник на раководството за квалитет во Лабораторија, како посебна работна задача што ја извршувам е спроведувањето, одржувањето и подобрувањето на системот за квалитет во лабораторијата. Тимот на лабораторијата го сочинуваат вкупно 30 вработени, од кои половина се лаборанти кои ги извршуваат анализите, а останатите се вработени кои се задолжени за подготовка на пробите за анализа.

Како е да се работи во рударство кое многумина го сметааат за „машка професија“?

- Advertisement -

– Од триесет колеги кои работат во нашата лабораторија, половината се жени. Можам слободно да констатирам дека во поглед на распределбата на работните задачи, нашиот колектив функционира беспрекорно, без никакви стереотипи од типот на „машки“ или „женски“ работи. На пример, поради тоа што рудникот САСА работи 24 часа, жените, исто како и мажите во лабораторијата, се ангажирани и во ноќните смени, што покажува колку жените се силни, истрајни и посветени на работата. И можам слободно да кажам дека се „рамо до рамо“ со мажите.

 

- Advertisement -

Според вас, какви особини треба да поседува еден човек за да може да работи во рудник?

– Покрај стручноста и работните вештини кои треба да ги поседува секој вработен во рудникот, без оглед на спецификите на неговото работно место, како основна особина која треба да ја поседува човек кој работи во рудник е одговорноста и дисциплината. Тоа е особено важно, бидејќи кога човек работи во рудник, тој или таа не се одговорни само за себе и својата работа, туку и за луѓето, односно колегите со кои работат заедно. Со други зборови, во рударската индустрија, многу се важни и кооординацијата и тимската работа. Ако поединецот не е свесен или одговорен за тоа што го работи, тој или таа може дирекно или индирекно да им наштети на своите колеги во тимот. На овие аспекти се посветува многу вниамние во нашата компанијата и лично можам да кажам дека одговорноста, дисциплината, колегијалноста и тимскиот дух се составен дел од нашата компанска култура, како и од етичкиот и морален код на секој поединечен вработен во САСА.

 

Според сознанијата што ги имате вие во областа во која работите, кажете ни каде се наоѓа рудникот САСА во споредба на останатите рудници од ваков тип во светот, во поглед на почитување на стандардите во рударската индсутрија?  

– Сум имала прилика да ги посетам рудниците кои моментално работат во Македонија, како и рудници во други земји и со право можам да кажам дека рудникот САСА е во самиот врв кога се работи за воспоствување и почитување на стандардите во сите сегменти во оваа индустрија, вклучувајќи ги стандардите и процедурите за лабораториски испитувања. Тоа не е само моја констатација, туку претставува и факт. Имено, лабораторијата на рудникот САСА е единствена акредитирана лабораторија за тестирање на руди и концентрати во Македонија и во соседните земји. Дополнително, во Рудник Саса е воспоставен и беспрекорно функционира  интегриран систем за управување со квалитетот, животната средина и безбедноста и здравјето при работа. Нашата компанија исто така е носител на А-интегрирана еколошка дозвола, која многу компании во земјата сѐ уште не ја поседуваат. Сето ова докажува дека САСА е современа рударска компанија која континуирано вложува во сите области од кои зависи нејзиниот одржлив развој и секако нејзиниот вкупен придонес за просперитетот на заедницата. Како човек кој живее и припаѓа на оваа заедница, исклучително сум горда и среќна што работам во една ваква компанија.

Сподели!
- Advertisement -