Ова е глобалната листа на брендови со најдобра репутација на светот за 2019 година

- Advertisement -

На листата објавена од Reputation Institute, оваа година Rolex е на прво место, а потоа следат Lego и The Walt Disney Company

 

Reputation Institute го објави својот Глобален извештај Global RepTrak 2019, кој ги рангира брендовите во светот според нивната репутација на глобално ниво.

- Advertisement -

Како што е наведено во студијата, на глобално ниво забележан е раст на репутацијата на брендовите во однос на извештајот од 2018 година, што се должи на растот на довербата во брендовите воопшто.

Имено, во претходниот извештај постои пад на довербата предизвикана од голем број на кризи, од скандалот со кражбата на податоци, до случаите на сексуално вознемирување, кои ја разнишаа довербата во компаниите.

- Advertisement -

Овогодинешниот извештај забележува благ пораст на оваа доверба, па 52% од луѓето се отворени за брендовите, а оние кои најмногу ќе профитираат во оваа област ќе бидат оние кои ќе успеат да ја зголемат својата позитивна перцепција, давајќи приоритет на корпоративната одговорност и етиката.

Во инфографикот подолу, погледнете кои 100 брендови во светот уживаат најголема доверба кај потрошувачите.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -