Првиот српски полнач за електрични автомобили ќе биде претставен на 22 март

- Advertisement -

Првиот српски полнач за електрични автомобили е направен, тестиран и пред првото вградување ќе биде изложен на Меѓународнито саем за автомобили кој почнува на 22 март во Белград. Полначот ќе привлече големо внимание и ќе биде изложен на штандот на Асоцијацијата на автомбилски новинари на Србија, покрај најпродаваниот хибриден и електричен автомобил.

Годинава покрај автомобилот кој ќе биде избран, атракција ќе биде и најсовремениот полнач за електрични возила. Првиот српски полнач за електрични автомобили е производ на компанијата IEEG од Стара Пазова, а според првиот човек на компанијата, Славко Вујовиќ, настанал во соработка со Електротехничкиот факултет во Белград со помош на Владата и на Стопанската комора на Србија.

- Advertisement -

Тој објасни дека се – од софтверот, хардверот, па до механичките делови се осмислени и направени во Стара Пазова. Универзален е и одговара на сите познати електрични возила во моментов. Полначот е изработен според сите стандарди на ЕУ, но има и можност за конектирање со возила кои се прават во САД и во Кина.

Првиот направен полнач ќе има 22 киловати. Се развива и полнач од 50 киловати, но стартувал и проект од 125 киловати наменет за електрични автобуси и камиони.Цената на полначот, како што велат од компанијата, е многу конкурентна на странските токму поради фактот дека се прави во Србија.

Сподели!
- Advertisement -