Најиновативната македонска ИТ компанија Докс Тим – се приклучува кон иницијативата за скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство

- Advertisement -

Дигиталната револуција го прави светот во којшто работиме пофлексибилен. Каде и кога работите често не е важно. За нас, важен е резултатот. За вработените, тоа е успешноста на работното место и исполнет приватен живот.

Со цел да им помогнеме на нашите вработени подобро да ги координираат работните обврски со приватниот живот, Докс Тим (doXteam) се приклучува кон иницијативата за скратено работно време на родителите по завршувањето на породилното отсуство, со целосен надомест во времетраење од три месеци. Имајќи ја во предвид демографската структура на вработените во нашата, како и во останатите ИТ компании, сметаме дека ваквиот чекор ќе помогне во полесно и поедноставно справување со предизвиците на младите, новоформирани семејства.

- Advertisement -

Покрај веќе применетиот флексибилен работен модел кој им овозможи на нашите вработени поголема слобода во организацијата на нивното време, ова е уште едно дополнување на целиот пакет.

„Како компанија која гради здрава работна и животна култура во својата организација важни ни се резултатите, а не вистинското време поминато во канцеларија, и ако вработениот работи од дома, а не во канцеларија, тоа не може и не смее да претставува проблем. Амбицијата, иницијативата,  и континуираното учење се клучни карактеристики на нашите вработени, поради тоа и искрено веруваме дека обезбедувањето на дополнителни поволности на работното место можат само да ја зголемат продуктивноста на компанијата.” – вели Глигор Дачевски, сопственик на Докс Тим.

- Advertisement -

Се надеваме дека со нашата постапка ќе придонесеме кон покренување на генерален бран во насока на заживување на оваа иницијатива кај што поголем број компании.

Сподели!
- Advertisement -