Ова е најмалата мобилна библиотека во Италија

- Advertisement -

Антонио ла Kава, 72-годишен учител кој се пензионирал пред 7 години, своето камионче на три тркала го претворил во мала мобилна библиотека за да ја шири радоста од читањето книги меѓу децата од изолираните области во Италија. Секоја недела тој го најавува своето доаѓање на селските плоштади со звукот на оргули. Децата, пак, со нетрпение го очекуваат за да видат што ново им нуди.

Идејата за мобилната библиотека се родила во 1999 година со цел книгите да можат да стигнат до децата кои живеат во сиромашни краишта и каде што многу често нема ни книжарници ни библиотека.

- Advertisement -

„Ако децата не можат да најдат некоја книга, не е проблем. Јас ќе им дадам тркала на книгите и тие сами ќе стигнат до децата. Си зададов задача на секое дете да му овозможам да чита книга кога ќе посака. Нашиот проект се вика ’Up to the Margins‘ и вклучува 14 мали села од регионот Базиликата. Најголемото од нив е Крако, каде што живеат 700 жители“ вели Ла Kава.

Тој вели дека неговите родители биле земјоделци и не можеле да си дозволат да го школуваат, но затоа му дале една цел во животот. Бидејќи татко му имал завршено само второ одделение, а мајка му трето, тој сфатил дека мора да направи нешто за да му помогне на општеството и на луѓето. Затоа ја создал мобилната библиотека, за која помош добил и од локалните земјоделци.

- Advertisement -

Книгите се изнајмуваат без пари, но имаат и посебни т.н. „бели книги“ кои се како еден вид работилници за пишување, место каде што децата можат да раскажуваат приказни. Идејата за тоа дошла од мало девојче од Бугарија кое му поставило интересно прашање – зошто не можат децата сами да пишуваат книги?

„Таа сакаше да ја раскаже својата приказна за тоа колку била тажна кога мајка и и рекла дека мора да се преселат во Италија, колку и било тешко да ги остави другарчињата во Бугарија. Ако таа имаше толкава потреба да си ја раскаже приказната, си помислив дека и другите деца сигурно имаат нешто што сакаат да кажат, да си ја олеснат осаменоста. Децата честопати се чувствуваат осамени и тоа постојано им го предочувам на учителите и на родителите што ги среќавам“, вели Ла Kава.

Сподели!
- Advertisement -