Ново истражување покажа дека човечкиот мозок станува полнолетен на 30 години

- Advertisement -

Човечкиот мозок станува полнолетен дури на 30 години, односно созрева побавно, тврдат научници од универзитетите Оксфорд и Кембриџ. Преминот на мозокот од детство во адолесценција се одвива во текот на три децении, па мозокот до триесеттата година не е целосно развиен.

Во триесеттите години луѓето подлабоко спијат, поради што, на пример, гледањето телевизија ноќе нема урамнотежен ефект. Истовремено, прекумерното консумирање алкохол или дрога во текот на развивањето на мозокот може да остави големи траги.

- Advertisement -

Истражувањето објавено во списанието JAMA Psychiatry анализираше 69 студии за тоа како мозоците на адолесцентите реагираат на употребата на канабис. Научниците утврдија дека младите кои често консумираат канабис имаат послаби резултати на тестовите за меморија, тешкотии при усвојувањето нови информации и решавање проблеми отколку оние кои воопшто не ја користат дрогата.

Притоа, научниците истакнуваат дека физичките вежби, медитацијата и јогата можат да помогнат во зачувување на памтењето и мозокот во која било доба.

Сподели!
- Advertisement -