Фантастична иницијатива на Морган Фриман за зачувување на пчелите!

- Advertisement -

Актерот Морган Фриман со децении го гледаме на филмското платно преку неговите бројни филмски остварувања! Иако неговиот последен подвиг нема да се најде во Холивуд, сигурно е исто толку вреден за споменување колку неговите филмови!

Фриман одлучи да преземе важен чекор за да ја спаси популацијата на пчели на Земјата. Низ годините бројот на пчели на Земјата постојано се намалува – од 2015 до 2016 година само во САД умреа 44% од пчелите.

Истражувачите овој феномен го нарекоа „колапс на колониите“ и предупредуваат дека денес во САД има многу помалку пчели отколку кога било во изминатите 50 години. Колапсот главно се должи на штетата што ја нанесеува човекот на животната средина затоа што пчелите имаат многу деликатен и чувствителен екосистем.

- Advertisement -

За среќа, Фриман ќе го даде својот придонес за да се спасат пчелите. Тој својот ранч во сојузната држава Мисисипи со површина од 500.000 квадратни метри го претвори во засолниште за дивите пчели. Тој таму посади разни дрвја и цвеќиња кои се омилени на пчелите, како што се овошки, магнолија, детелина и лаванда.

Фриман го најави неговото ново хоби – одгледување пчели во шоуто на Џими Кимел. Кога го најави тоа, беше на самиот почеток. Тогаш со чување пчели се занимаваше само две недели, а оттогаш поминаа пет години и се уште напорно работи на проблемот. Откога почнал да работи со пчелите тој не ни носи заштитен костим затоа што тврди дека нашол заеднички јазик со пчелите и тие никогаш нема да го каснат.

- Advertisement -

„Никогаш не сум ставил ни капа кога одам кај пчелите. Уште ме немаат каснато затоа што не се обидувам да им го земам медот или да им наштетам. Едноставно ги хранам. Мислам дека разбираат што правам“, изјави тогаш Фриман.

- Advertisement -

Идејата да ги спасува пчелите му дошла откако дознал за масовното изумирање изминатите години. Тогаш одлучил да увезе 26 улишта од Арканзас и само што пристигнале веднаш почнал да ги храни со шеќерна вода.

„Се прават големи напори да се спасат пчелите на Земјата. Ние уште не сфаќаме дека тие се основата на се! Основа на развојот на планетата, на вегетацијата, на синџирот на исхрана… Јас посадив многу дрвја и цвеќиња и вработив и градинарка. Бидејќи и таа се грижи за пчелите, постојано бара нешта кои би им се допаднале. Имам посадено многу лаванда и можеби околу 140 дрвја магнолија со огромни цветови кои пчелите ги обожуваат“, објаснува актерот.

Пчелите ги опрашуваат посевите и целата вегетација на планетата и ни овозможуваат да одгледуваме храна. Само 2% од пчелите на Земјата опрашуваат 80% од сета храна што ја садиме. Тие минијатурни суштества имаат исклучително тешка работа и многу се вредни.

Фантастичен пример кој вреди да се следи!

Сподели!
- Advertisement -