Благодарение на бројните повластувања како што се субвенциите за електричните автомобили, можноста за користење на сообраќајните ленти за јавен превоз и слично, Норвежаните последните години се свртеа он хибридни и електрични возила, чија продажба изминатите години порасна за дури 40%. Во иднина очекуваме уште повеќе електрични автомобили на патиштата, како и поголем развој на инфраструктурата, поставување нови полначи, но и безжични полначи за полнење на батериите на возилата.
Еден од плановите за намалување на загадувањето во Норвешка и електрификација на земјата се однеусва на јавниот превоз и од 2023 година во главниот град, Осло, по патиштата повеќе нема да се возат такси возила со мотори со внатрешно согорување, додека по 2025 година во земјата повеќе нема да се продаваат бензинци и дизелаши, туку главниот акцент ќе се ставен на електрични возила.
За да се олесни транзицијата за корисниците, но и за таксистите, во Осло наскоро ќе почне поставувањето на подлогата за безжично полнење на батериите на автомобилите. Таа ќе се поставува на паркинзите за такси возила, додека во автомобилите ќе се вгради технологија која ќе овозможи безжично полнење.
Ова е одлична идеја затоа што таксистите кога ќе превезуваат патници ќе можат во секој момент да се паркираат и да ја наполнат батеријата. Ова ќе биде првиот проект во светот кој вклучува брза безжична инфраструктура за полнење електрични такси. Со понатамошниот развој на технологијата ќе се прилагоди за сите електрични возила.
Проектот го работи финската енергетска компанија Fortum. Оттаму додаваат дека со оглед на бројот на електрични такси во Осло, токму инфраструктурата и бројот на полначи се голем проблем затоа што таксистите губат многу време барајќи слободни полначи по градот. Градот Осло склучи партнерство со Fortum и со американската компанија Momentum Dynamics,која развива инфраструктура за безжично полнење.