Рептил маркети доби меѓународна награда за придонес за развој на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа

- Advertisement -

Во периодот од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, Хрватска, се одржа 6-тиот Регионален самит на претприемачи во Централна и Југоисточна Европа. Целта на самитот беше да се промовира важност и придонесот на претприемништвото во креирање на целокупниот раст и развој на економиите и општеството, како и да се истакне важноста за креирање подобри услови и политики за поголем развој на претприемачкиот дух во регионот.

Еден од добитниците на награда и признание за особен придонес за развој на претприемништвото во земјите од Централна и Југоисточна Европа – Stvaratelji za Stoljeca е компанијата Рептил. Компанијата Рептил маркети на пошироката меѓународна бизнис јавност им се претстави како една од големите компании визионери и лидери чијашто храброст, работа, знаење, креативност и долгогодишни успешни резултати се темел и главен двигател за економски напредок на општеството.

- Advertisement -

Рептил маркетите постојат 23 години и во моментот 15-те маркети постојано ја одржуваат топлината на локална (маалска) продавница со давање врвна услуга на купувачите покрај богатиот асортиман и пристапните цени. Односот продавач – купувач секогаш е пријателски и проследен со насмевка и искрен позитивен однос. Врвната услуга е нешто со кое најмногу се гордее Рептил, а оттука е произлезен и слоганот кој гласи „Пазарете со срце и задоволство“.

Сподели!
- Advertisement -