Притигнува игра инспирирана од Голум од „Господарот на прстените“

- Advertisement -

Компанијата Daedalic Entertainment ја најави авантуристичката видеоигра „Господарот на прстените: Голум“, која ќе биде фокусирана на еден од најпознатите ликови од франшизата „Господар на прстените“ од авторот Ј.Р.Р. Толки.

Играта ќе пристигне во 2021 година и ќе ги изтражува настаните меѓу наоѓањето на прстенот и почетокот на приказната „Господар на прстените“. За разлика од неодамнешните игри кои се инспирирани од филмската трилогија „Средна земја“ на Питер Џексон, играта на Daedalic ќе се базира исклучиво на книгите на Толки.

- Advertisement -

Проектот за стартување на играта е плод на соработката на Deadalic и компанијата Middle-earth Enterprises, која ги поседува правата за „Господар на прстените“ и „Хобит“. Покрај играта за Голум, во план се и други слични игри кои ќе се базираат на познатата франшиза.

За потсетување, Голум е двојна личност. Тој некогаш бил обичен хобит наречен Смигол, меѓутоа откако го украл прстенот на Саурон го обзема лудило по моќта на прстенот, поради што е потеран од своето село. Така одделен од сите, прстенот мѕ го продолжува животот на Смигол на околу 500 години, но го претвора во суштество кои ние го познаваме како Голум.

- Advertisement -

„Во тој лик веќе има внатрешен судир мешу два гласа ои постојано ви зборуваат, што значи дека постои добра причина во играта да се носат одлуки – на Смигол или на Голум“ вели Карстен Фихтелман, директор на Deadalic Entertainment.

Видеоиграта наречена „Господар на прстените: Голум“ ќе биде достапна за персонални компјутери и за сите останати играчки конзоли.

Сподели!
- Advertisement -