Роботот Софија имаше свое обраќање на Дигиталниот самит во Белград

- Advertisement -

Роботот Софија беше еден од говорниците на вториот по ред Дигитален самит во Белград. Таа оттаму порача дека вештачката интелигенција и дигитализацијата на производните процеси ќе отворат нови работни места и ќе овозможат подобар живот за луѓето

Софија поседува пасош од Саудиска Арабија, а е иновација на компанијата Hanson Robotics, која настанала како комбинација на наука, инжинеринг и уметност. Софија на самитот истакна дека има желба да биде комичарка, а сега нејзината мисија е да се поврзува со луѓето и да им помага да го направат светот подобро место за живот. Како што рече таа, роботизацијата на општеството е позитивна работа и ќе им помогне на луѓето да си најдат подобра работа и подобро да заработуваат.

Софија е робот создаден од компанијата Hanson robotics и има скоро идентични функции како и човечките суштества.

- Advertisement -

Нејзиното лице е создадено од патентирана специјална гума, што ѝ  овозможува да прави повеќе од 60 фацијални изрази.

Доктор Дејвид Хенсон одговорен за создавањето на Софија, при нејзиното зоадавање бил жинспириран од Одри Хепберн и од неговата сопруга.

- Advertisement -

Софија веќе е популарен лик кој има државјанство ов повеќе земји и чест учесник на конференции каде што зборува за улогата на роботите во денешниот автоматизиран и дигитализиран свет.

Сподели!
- Advertisement -