Во Париз жителите на оваа најпозната светска метропола почнаа да садат вистински градини по улиците. Секој жител може да аплицира за да добие дозвола да посади урбана градина. Градините може да се посадат на ѕидови, на огради, на покриви. Притоа, забранета е употреба на хемиски пестициди, додека се поттикнува одгледувањето билки кои ги сакаат пчелите, како и овошки и живи градини по ѕидовите.
Оваа е една од мерките со кои Париз сака да го зголеми биодиверзитетот, квалитетот на живот и да го прочисти воздухот. Градоначалничката Ана Хидалго сака да додаде 100 хектари зеленило во градот, а една третина од тоа зеленило да биде овошје и зеленчук.
Досега се издадени 3.000 дозволи за садење градини. Париз е еден од најгусто населените градови вo Европа, но само 9,5% од површината е паркови. Ова е само една од неколку иницијативи кои имаат за цел да го направат Париз „позелен“.
Во Париз ќе бидат направени јавни градини со површина од 30 хектари, ќе бидат посадени 20.000 дрвја и во училиштата ќе почнат да се садат зеленчукови градини.
In Paris, citizens are planting gardens in the street
The city is also planting 20,000 trees. 🔎 Learn more about environmental initiatives in Paris: https://wef.ch/2O5jF3m
Posted by World Economic Forum on Петок, 29 март 2019