Објавена е првата фотографија од „Црната дупка“ во Вселената

- Advertisement -

Aстрономите успеаја да ја направат првата фотографија од Црна Дупка, лоцирана во далечна галаксија. Широка е 40 милијарди километри, три милиони пати поголема од големината на Земјата и научниците ја опишуваат како „чудовиште“.

Црната Дупка е оддалечена 500 милиони билиони километри од земјата и била фотографирана од мрежа на осум телескопи низ светот. Детали за фотографијата беа објавени денеска во списанието „Astrophysical Journal Letters“.

- Advertisement -

„Она што го гледаме е поголемо од нашиот Соларен Систем. Има маса која е 6,5 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето. И е Црна Дупка која сметаме дека има најголема маса од сите кои постојат. Се работи за вистинско чудовиште, шампион во супер-тешка категорија на црните дупки во Универзумот“, изјави професорот Хејно Фалк, од Универзитетот Радбуд во Холандија, кој го предложил експериментот.

Сликата покажува светлечки „прстен од оган“, како што го опишува професорот Фалк, која ја обиколува совршено кружна Црна Дупка. Светлината е предизвикана од супер загреан гас кој паѓа во Дупката. Светлината е посилна од милијарди други ѕвезди во галаксијата собрани заедно, што прави да бидат видливи од Земјата, на толку голема далечина.

- Advertisement -

Фотографијата се совпаѓа со тоа како црните дупки ги замислуваа теоретските физичари, но и холивудските режисери.

„Иако се работи за релативно едноставни тела, црните дупки подигаат некои од најкомплексните прашања за природата на времето и просторот, а најпосле и за нашето постоење. Неверојатно е дека фотографијата која ја гледаме е толку слична со она што го добивавме од теоретските пресметки. Засега, изгледа дека Ајнштајн беше во право уште еднаш“, вели Зири Јунси од Универзитетскиот Колеџ во Лондон, кој бил дел од соработката на истражувањето.

- Advertisement -

Фотографијата која беше претставена на конференција настанала во април 2017 година, и тоа после 10 дена континуирано снимање. Податоците кои се собрани во текот на тоа снимање се складирани на повеќе од 100 модули, што во превод нзачи дека има повеќе од половина тон дискови. Количината податоци може да се спореди со 5.000 години MP3 датотеки или целожицотна колекција на селфи фотографии од 40.000 луѓе. На проектот учествувале 200 научници од 60 институти кои паралелно работеле во повеќе од 20 земји и региони во светот.

Сподели!
- Advertisement -