Која е жената која е заслужна за првата фотографија од црна дупка во светот?

- Advertisement -

Кејти Боуман е 29-годишна девојка која го креираше алгоритмот кој помогна да се направи првата фотографија од црна дупка во светот. Фотографијата беше објавена вчера, а Кејти изјави дека сето тоа и изгледа неверојатно затоа што мислела дека никогаш нема да успее, пренесува CNN.

„Со неверување го следат вчитувањето на фотографиите на мојот лаптоп” напиша таа на својот профил на Facebook во описот на фотографиите направени во моментот на големото откритие. Кејти почнала да го прави алгоритмот пред три години, додека била студент на престижниот американски универзитет МИТ.

- Advertisement -

Нејзиното име му стана познато на светот само неколку минути откако беше објавена фотографијата. Многумина и се обратија преку социјалните мрежи, честитајќи и за големото откритие, односно за нејзиниот придонес во креирањето на првата фотографија од црна дупка во светот. 

Научниците вчера ја објавија првата фотографија од црна дупка во историјата на човештвото. Станува збор за црна дупка која се наоѓа во галаксијата M87 и е 55 милиони светлосни години оддалечена од Земјата. На ддотографијата се забележува прашина и гас, односно одбиената светлина од материјата која кружи околу колосалната црна дупка. Фотографијата е направена благодарение на проектот за виртуелниот телескоп Event Horizon Telescope или EHT.

Сподели!
- Advertisement -