Ruby on Rails глобално ги обединува девојките заинтересирани за програмирање!

- Advertisement -

Викендов, на 12ти и 13ти Април во канцелариите на Web Factory, ќе се одржи најголемата работилница за Ruby on Rails на овие простори

 
Во ера на дигитализација од особена важност е актуелизацијата и суштинското приближување на технологијата до сите кои имаат интерес за учење нови нешта или пак експериментирање со нови технологии. Од таа причина, сакаме да ја искажеме нашата поддршка за работилницата Rails Girls 2019 која ќе се одржи следниот викенд. 

Ruby on Rails е технологијата која сакаме да ја актуелизираме како една зрела технологија која има активна поддржувачка заедница и обезбедува out-of-the-box решенија кои го прават development процесот полесен и побрз.  

Поради тоа, после 5 години, Rails Girls работилница повторно се враќа и во Македонија. Целта на овие работилници е да бидат влезна точка за што повеќе девојки во програмерскиот свет, дигитализацијата и веб технологиите.

- Advertisement -

За настанот, работилницата и Rails Girls како глобална иницијатива, разговаравме со организаторите Мариана ЈаневскаИвана Спасова и Михајло Штерјов

Каква иницијатива е Rails Girls? 

- Advertisement -

Михајло: Rails Girls е глобална непрофитна глобална иницијатива чија цел е да обезбеди алатки и заедница на девојки заинтересирани за програмирање и развој на нивните идеи. Сето ова, преку обезбедување на искуство во развивање на дигитални нешта и преку зголемување на достапноста на технологијата. Започната е во Финска од Linda Liukas и Karri Saarinen.

Првата работилница е одржана во Хелсинки во 2010. Веќе 9 години, се организира на преку 220 локации во светот. Навистина ни е мило бидејќи од годинава и Скопје се наоѓа на мапата на Rails Girls помеѓу Токио, Чикаго, Лондон, Луксембург, Брисел, Лос Анџелес и многу други. И ние ќе се потрудиме ова да остане така, и секоја година се повеќе ќе ја приближуваме технологијата и самата работилница и до девојките во Македонија. 

- Advertisement -

Од каде потекна иницијативата за организирање на оваа работилница и во Скопје?

Мариана: Во 2014 јас бев ментор на првата работилница Rails Girls во Скопје. За мене беше уникатно и прекрасно искуство бидејќи тогаш бев на самите почетоци на мојата програмерска кариера и успеав да го споделам мојот ентузијазам со сите учесници. Беше микс на кодирање, учење, запознавање и забава.

Оваа година, заедно со моите колеги Ивана и Михајло, со гордост може да кажеме дека после 5 години успешно го вративме пинот на Скопје, и сме една од 227-те светски локации каде се организира оваа работилница. 

Која е целта на настанот и на глобалната иницијатива?

Ивана: Сметаме дека е од особена важност да се актуелизираат и организираат вакви настани и работилници бидејќи живееме во ера на дигитализација и ИТ едукацијата, дури и на базично ниво, е многу важна бидејќи претставува чекор напред во промена на размислувањата и придонесува за демократизација на технологијата како избор на професија и на женската популација. Целта на работилницата и на самата иницијатива е да вклучи што поголем број на учеснички кои успешно ќе бидат воведени во web development од менторите, ќе создаде цврста заедница за отворена соработка помеѓу сите девојки кои се заинтересирани да навлезат во светот на технологијата од страната на паметното користење, создавање, и развивање на идеи.

Последните години многу се актуелни дебати и статистики за теми како родова еднаквост. Сепак, таа родова еднаквост во развиени општества каде сите имаме еднакви права за образование треба да биде разгледана и низ призмата на ИТ едукацијата. Односно, акцентирањето на избор на глобално-конкурентни професии, континуираната доедукација, учење и пробување на нови технологии и паметното адаптирање во дигиталниот глобален свет на секоја девојка би биле прашањата на кои треба да им посветиме поголемо внимание.

Rails Girls не е обична работилница, повеќе е можност и влезна точка во програмирање и web development. Целта е да ја актуелизира технологијата, да ја направи подостапна и да ги тргне стигмите дека програмирањето е навистина тешко и невозможно. И сето ова преку изработка на апликација во Rails, бидејќи јазикот и технологијата се многу beginner-friendly, а форматот на работилницата е одличен за вовед на почетници.

Особено не радува интересот и поддршката на која наидовме. Не очекувавме дека ќе имаме над 200 пристигнати апликации и дека ќе добиеме поддршка од компании како GitHub, GitLab, JetBrains, Скопска Пивара, ЕВН и многу други. Ова ни дава дополнителна мотивација за организирање на поголем број работилници и настани. 

Мариана: Апликантите за време на оваа работилница ќе научат основи на sketching, prototyping, базично програмирање и ќе бидат воведени во светот на технологијата. Не сакаме настанот да биде погрешно сфатен дека за еден викенд учесниците ќе станат програмери, бидејќи воопшто не е така. Меѓутоа е еден голем чекор за вовед во технологијата и сметаме дека многу од учесниците понатаму ќе продолжат да учат а ние сме тука за да им помогнеме во тоа. 

Ова е одличен workshop за сите кои се заинтересирани за програмирање но, не знаат од каде да почнат, сите кои работат во IT компанија но, не од техничката страна и сакаат да комуницираат поефективно и поефикасно кога станува збор за програмирање, кои сакаат да се запознаат со Rails и им треба менторство за да добијат поголема самодоверба при изработка на апликација од идеја до реализација

Михајло: Ние ветуваме дека годишно ќе организираме барем по една работилница. Успехот на истата ќе биде огромен доколку барем 3 од примените 60 апликантки одлучат да продолжат со програмирање или ако веќе имаат претходно искуство да се насочат кон експериментирање и учење на нови технологии. Менторите кои многу ентузијастички пристапија на оваа иницијатива имаат за цел да го пренесат своето искуство, својата љубов за програмирање и да ја приближат технологијата до сите девојки кои имаат особен интерес за истата. 

За сите новости и информации следете ги Rail Girls Skopje на социјалните мрежи: TwitterFacebookInstagram како и на нивната веб страна.

Сподели!
- Advertisement -