10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Почетна 1 Осаменоста е исто отровна како да пушите 15 цигари дневно!

Осаменоста е исто отровна како да пушите 15 цигари дневно!

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Осаменоста е исто толку токсична како што е пушењето 15 цигари дневно. И тоа станува глобална епидемија. Можеби причина за тоа е нашиот начин на живот, кој нагло се менува. Моментално има поголем број луѓе кои живеат сами отколку кога било во историјата.

На пример, 50% од жителите на Париз живеат сами, исто како и 60% од жителите на Стокхолм. Во Обединетото Кралство, пак, бројот на луѓе кои живеат сами се дуплирал од 60-тите години на минатиот век до денес на 31%. Таму половина од луѓето постари од 75 години живеат сами. Голем дел од нив не разговараат со пријател или со член на семејството и по повеќе од еден месец.

Во САД просечниот број на блиски пријатели по човек во периодот од 1985 до 2004 година се намалил од 3 на 2, а бројот на луѓе кои немаат блиски пријатели се зголемил трикратно. Една од причините можеби е урбанизацијата, која ги ослабнува врските меѓу членовите на семејството.

Во Кина, каде што популацијата во руралнтие средини се намалила за речиси половина во периодот од 1980 до 2014 година, осаменоста стана чест проблем кај луѓето кои се преселиле во урбана средина, како и кај тие што останале назад.

Уште не е јасно која е улогата на технологијата во ширењето на осаменоста. Денес луѓето неделно поминуваат по просечно 24 часа на паметни уреди, но луѓето кои се осамени не ги користат социјалните медиуми повеќе од другите.

Осаменоста има и голема економска цена. Во Обединетото Кралство, на пример, поради осаменоста државата троши по 6.000 фунти екстра за секој стар човек. Освен тоа, се зголемува ризикот од депресија и други ментални пореметувања.Тоа, пак, го чинело светот 2,5 трилиони долари во 2010 година.

Денес земјите бараат иновативни начини за да се борат со осаменоста. Во Италија, на пример, студентите седат под кирија кај постари луѓе, на кои им прават друштво во замена за пониска цена за наем. Обединетото Кралство, пак, назначи министер за осаменост.

Loneliness is as toxic as smoking 15 cigarettes a day

An isolation illness. 📕 Read more: https://wef.ch/2sxZL40

Posted by World Economic Forum on Петок, 12 април 2019

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •