„Патот до здрави заби“: Четко ве кани на дружба во Cineplexx

- Advertisement -

 

Главникот јунак на приказната „Патот до здрави заби“, Четко Четковски, ве кани на трета едукативна дружба исполнета со игри, забава и подароци. Оваа дружба ќе се одржи на 20 април во киното Cineplexx (Skopje City Mall) од 12 до 14 часот, а поканети се сите родители и дечиња.

- Advertisement -

Сакате да откриете што е потребно за да се отстранат бактериите од забите? Колку пати треба да се мијат запчињата или колку пати треба да се посетува стоматолог? Одговорот на сите овие прашања ќе го добиете преку игрите, што Четко и Лакалут ги подготвија за посетителите на настанот во Cineplexx.

Четко за сите другарчиња што ќе дојдат на настанот подготви и подароци од палетата Лакалут, а на настанот ќе биде присутен и стоматолог кој ќе прави бесплатни прегледи и ќе дели совети за правилна орална хигиена кај децата.

- Advertisement -

Четко ве повикува да му се придружите и на оваа средба, на која нè очекува смеа, игри и забавна едукација. Сите оние кои сакаат да имаат широка здрава насмевка како неговата ќе имаат прилика да научат кои чекори треба да ги следат за да блескаат како него.

Кампањата „Патот до здрави заби“ која годинава го прославува својот петти јубилеј е поддржана од страна на Натусана, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија Лакалут. Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-4, 4-8 и 8+ возраст. Преку кампањата, Натусана континуирано работи на едукација на родителите и децата за сите важни аспекти поврзани со оралната хигиена кај децата.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -