Француските пожарникари користеа висока технологија за гаснење на пожарот на најпозната катедрала во светот. Тие користеа дронови, па дури и робот пожарникар по име Колосус.
Роботот тежок 500 кг бил испратен среде огнените јазици на покривот на катедралата затоа што било премногу ризично за пожарникарите. Го направи компанијата Ѕhark Robotics со цел да се справува со тешки услови.
Може да се управува на оддалеченост од 300 метри и за време на гаснењето ги носел цревата на покривот од каде што прскал со вода. Роботот е висок околу 70 см и долг 1,6 метри, а го контролира човек со уред сличен на џојстик.
Биле користени и дронови за да се идентификуваат местата каде што треба да се интервенира.
Фондот за реновирање на катедралата постојано се зголемува и веќе се собрани околу 2 милијарди евра. Некои од попознатите личности кои донираа значителни суми се милијардерот Бернар Арно од модниот гигант LVMH со 200 милиони евра, сопругот на сметката Селма Хајек, Анри Пино, со 100 милиони евра, козметичкиот гигант L’Oreal со 200 милиони евра, нафтената компанија Total со 100 милиони евра итн.
Во прилог можете да погледнете како изгледа внатрешноста на катедралата после разорниот пожар.