Велика Британија сака да забрани „лајкање“ на Facebook и „пламен” на Snapchat

- Advertisement -

Се ближи ли крајот на „лајкањето“ на Facebook и на „пламените“ на Snapchat? Канцеларијата на комесарот за информирање во Велика Британија вчера ги објави насоките кои треба да ја подобрат безбедноста на децата на Интернет, а еден од предлозите е отстранување на опцијата „like“ односно „пламенот“ на Facebook и на Snapchat. Оваа потенцијална забрана се однесува само за помлади од 18 години.

Причината за ваквото барање е приватноста на децата – „лајковите“ кои можат да ги добијат ги поттикнуваат децата да споделуваат лични работи и фотографии. Врз база на секој „лајк“ компанијата на Цукерберг создава профил за луѓето на нивната мрежа. Со новите правила треба да се огранички собирањето и споделувањето на личните податоци. Што се однесува на „пламенот“ на Snapchat, го поттикнува на зависност на децата од оваа мрежа и секојдневно испраќање фотографии и видеа.

- Advertisement -

Од останатите препораки треба да се издвојат поставките за приватноста, кои за децата на социјалните мрежи автоматски треба да бидат поставени на максимум, со исклучување на геолокацијата и таргетираните огласи. Исто така, активирањето на опцијата за приватност треба да биде едноставно и достапно, а не корисниците да мора да поминуваат повеќе опции само за да активираат една опција.

Уште една препорака е користењето на моќни алатки за верификација на возраста на социјалните мрежи, или ако тој систем не успее, тогаш сите корисниц на социјалните медиуми да се третираат како деца. Ова се само насоки за кои ќе следува расправа, а ако се донесе конечна одлука, ќе стапат на сила од 2020 година и ќе мора да ги почитуваат сите платформи во Велика Британија.

Сподели!
- Advertisement -