Полицијата на британскиот град Хемпшир и Темз Вели први користат нова технологија која може да одреди колку автомобили на патот имаат телефони кои се користат без hands-free опрема, пренесе Bloomberg. Кога уредот, кој го направи технолошката компанија Westcotec, ќе забележи телефон кој се користи, ќе затрепери со симбол на мобилен телефон во возило и ќе го советува возачот да престане да го користи својот мобилен телефон. Тој уред исто така ќе и овозможи на полицијата да идентификува точки каде што возачите најчесто користат мобилни телефони.
„Технологијата може да открие кога се користи Bluetooth, но не може да открие дали патникот користи телефон. Сепак, знакот ќе биде активен и ќе ги потсетува возачите на попречување на возењето со користење мобилен телефон“, велат од полицијата.
Кампањата ја поддржува Кејт Голдсмит, која ја изгуби ќерката Ејми Голдсмит кога возач на камион удри во автомобилот во кој била Ејми како патник. Возачот на камионот го користел својот мобилен телефон за да ја промени музиката. Ќерка и загинала заедно со три момчиња и нивната мајка.
„Ја поддржувам оваа кампања и ја поздравувам секоја технологија која може да помогне да се едуцираат луѓето и да се спречат да користат телефони за време на возењето“ вели Голдсмит.