Најнов тренд во Силиконската долина – се користат мали дози ЛСД за поголема креативност

- Advertisement -

Постојат повеќе начини на кои луѓето се обидуваат да си ја зголемат концентрацијата и фокусот во денешниот брз свет, во кој сме опркужени со бројни информации и промени и не можеме да се посветиме само на еден проект. Еден од тие начини, a кој е популарен меѓу компаниите во Силиконската долина, е консумирање на ЛСД (синтетска, психоактивна дрога). Не станува збор за големи дози поради кои инженерите би халуцинирале и би се влечеле по ходниците на технолошките гиганти, туку за микродози чиј ефект во поглед на халуцинацијата и „летањето“ не се чувствува. Tие што го практикуваат тврдат дека се попродуктивни и поефикасни во работата со помалку стрес.

Дали навистина ЛСД помага или станува збор за плацебо ефект? До неодамна не можевме да го знаеме тоа затоа што не се спроведени вистински и клинички докажани истражувања. Со оваа тема со години се занимавал психологот Џејмс Фадиман, кој го проучувал ефектот на микродозите на ЛСД (1о микрограми на секои 3-4 дена) кај луѓе кои тврделе дека ЛСД им помага во остварувањето на подобар професионален успех, како и дека влијае за намалување на депресијата и анксиозноста.

- Advertisement -

Но, ова истражување не вклучувало плацебо контролни групи, а првото клиничко истражување со плацебо групи минатата година го спроведе група психолози од универзитет во Лондон. Прво што истражиле тие е дали луѓето кои зеле микродоза ЛСД го чувствуваат нејзиното дејство и се покажало дека и тие кои зеле ЛСД и тие кои зеле плацебо рекле дека не чувствуваат ништо.

Фокусот на истражувањето бил ставен на начинот на кој субјектите на истражувањето го перципираат времето и се покажало дека мали дози ЛСД навистина го подобруваат чувствово за време, односно оние кои зеле мали дози ЛСД можат попрецизно да го утврдат траењето на временските интервали.

- Advertisement -

Но, прашање е дали нешто такво е пожелно затоа што при употреба на ЛСД се менува оригиналниот начин на кој мозокот го перципира времето и промелнивоста и потребно е дополнително истражување на врската меѓу тоа и когнитивните функции. Она што е докажано е дека микродози од ЛСД на некој начин влијаат на функциите на мозокот и предизвикуваат промени.

Наскоро можеме да очекуваме нови истражувања за дејството на ЛСД на човечкиот мозок и во едно  такво истражување во блиска иднина ќе се тестираат ефектите на ЛСД врз креативноста, когнитивната флексибилност, добросостојбата на луѓето и нивното расположение.

Сподели!
- Advertisement -