Научници од Универзитетот UCLA развија уред кој го нарекуваат Ѕnow-based TENG или треибо-електричeн наногенератор, кој може да создава енергија од еден целосно нов обновлив извор – паѓањето снег. Треибоелектричниот ефект во овој процес е познат и се однесува на добивањето енергија од триење.
На пример, со дробење на кристалниот шеќер настануваат мали електрични набои кои може да се видат како слаба сина светлина. Во некои лаборатории тој начин на добивање струја се истражува за развој на облека од посебни полимери кои еден ден ќе можат да ги напојуваат гаџетите едноставно додека ги носиме и се движиме.
Во овој случај трибоелектричниот ефект научниците го искористиле за снегот, кој има позивитен набој, да паѓа на силиконски негативен набој и притоа се создава статички електрицитет. Во својот научен труд ја опишуваат изработката на TENG, кој создава електрицитет со интеракцијата на еден материјал, кој создава електроди, со други материјали кои ги ослободуваат.
Синтетичкиот материјал кој се состои од атоми на силициум и кислород во комбинација со јаглерод, водород и други елементи, има негативен набој, па кога на него паѓа снег се создава струја која уредот ја фаќа и потоа може да ја проследува до уреди.
Генераторот од тој тип еден ден би можел да се користи за напојување разни преносни гаџети и сензори, но и да се интерира во соларни панели на места каде што често паѓа снег за да им се зголеми ефикасноста.