ИКЕА ќе отвора мали градски продавници во Франција

- Advertisement -

Шведскиот производител на мебел ИКЕА во наредните три години ќе инвестира 400 милиони евра во градски продавници во Франција. Во шведската компанија, која е позната по големите центри на периферии на градови, се повеќе се фокусира на помали продавници во градските центри.

Тие се првенствено фоскуирани на купувачите кои купуваат онлајн или немаат време или автомобил за возење на подалечни локации. Плановите за новата инвестиција беа откриени на отворањето на новата продавница на ИКЕА во регионот Мадлен во Париз.

- Advertisement -

Франција е третиот најголем пазар во светот за производите на компанијата ИКЕА, веднаш после Германија и САД, каде што шведскиот гигант вработува околу 10.000 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -