Плажата Пасјача во Хрватска е прогласена за најдобра европска плажа за 2019 година според изборот на специјализираниот интернет-портал European Best Destinations, додека третото место и припадна на уште една хрватска плажа – Нугал.
„Оддалечена само 10 минути возење од Цавтат и 30 минути возење од Дубровник, сместена во подножјето на карпа, оваа плажа е вистинско чудо. Кога во 1955 година е пробиен тунел до морето, останатите карпи останале на брегот, а по неколку години брановите тие камења ги претвориле во песок. Така е родена Пасјача. По некоку години морето го однело целиот песок, па локалците носеле нов камен кој се претворал во песок. Така правеле постојано за да го зачуваат својот мал рај“, стои во образложението за наградата за Пасјача во близина на местото Поповиќи, која е резултат на заедничка работа на човекот и на природата.
Во обрзаложението се наведува и дека плажата треба да ја заобиколат оние кои сакаат гласна музика, барови крај море и водени спортови затоа што на Пасјача владеат природата и тишината. Пасјача наградата за најдобра европска плаќа ја доби во конкуренција на познати европски плажи од Португалија и Шпанија до Романија и Бугарија.
Плажата Нугал, пак, е една во низата плажи на Макарската ривиера. Се наоѓа во близина на Тучеп и има уникатна природна убавина. До преубавата плажа Нугал, која е сместена во подножјето на стрмна карпа, се доаѓа со спуштање преку бујната шума на паркот Осејава, кој се протега во должина од 3 км од Макарска кон Тучеп.