Хидроелектричната енергија, за разлика од соларната и енергијата од ветрот, не зависи од климатските услови. Бидејќи може да се генерира струја 24/7, хидроелектричната енергија е најстабилен зелен извор на енергија на Земјата.
Сепак, големите брани и хидроелектричните централи може да имаат негативни ефекти врз животната средина, особено врз рибите и птиците. Оваа турбулентна микро хидроцентрала е еколошка варијанта. Освен тоа, системот може да се постави на секоја малку повисока површина на река или поток.
Системот наречен Turbulent лесно се инсталира, а готовите елементи се поставуваат директно во водата со минимално влијание врз околната природа. Turbulent не го менува текот на водата благодарение на технологијата за вртлог или вортекс турбини. Системот генерира енергија како што водата поминува низ него во вид на вртлог.
Конвенционалните хидроелектрични системи за енергија користат турбини со остри ножеви кои се опасни за рибите и за другиот воден свет. Понатаму, сериозно го нарушува природниот тек на водата и тоа може да доведе до голема штета врз локалниот екосистем .Системот на Turbulent има низок притисок и речиси не влијае врз популацијата на риби во водата.