Флексибилните екрани привлекуваат се повеќе внимание, а многу компании ги користат за своите производи. На тие компании им се приклучи луксузниот моден бренд Louis Vuitton, кој произведе чанта со вграден флексибилен екран.
Louis Vuitton за своите чанти искористи AMOLED екран со резолуција од 1.920x.1.440 пиксели, кој може да се витка. Станува збор за прототип на чанти, кои беа претставени во текот на модната ревија во Њујорк неделава. Една од чантите имаше еден, а другата два екрани на кои беа прикажувани снимки од некои градови.
Засега нема информации чие производство се искористените екрани. Исто така, не е познато дали овие чанти некогаш ќе почне да се продаваат на пазарот. Ако се случи тоа, сигурно ќе бидат поскапи од и така скапите чанти на лускузниот бренд. Безжичните слушалки на Louis Vuitton чинеа речиси 1.000 долари.