Во Шведска ќе се гради најголемата европска фабрика за батерии

- Advertisement -

Европската инвестициска банка (ЕИБ) на шведската иновативна компанија Northvolt и  одобри заем од 250 милиони евра за проектот за изградба на најголемата европска фабрика за батерии. Фабриката е клучна за напорите на Европа да им конкурира на азиските компании како кинескиот CATL и јужно корејските Samsunga и LG Chema, кои се на лидерските позиции на пазарот за батерии откако си обезбедија големи нарачки од производители на автомобили.

Битен поттик за Northvolt беше вчерашната објава на шведскиот синџир за мебел ИКА дека е во завршна фаза од преговорите за учество во собирањето средства за фабриката. Шведската технолоошка компанија обара заем од ЕИБ во септември минатата година, во рамките на планот за собирање вкупен капитал од 1,5 милијарди евра.

- Advertisement -

Половина од тие средства сакаа да ги набават со задолжување, а половина со продажба на сопственички удел во компанијата за да ја финансираат изработката половина од зацртаните батерии од 32 гигават-часови годишно до 2023 година.

Одобрениот кредит од ЕИБ е клучен дел од планот за тој проект, а очекуваат цеосната сума да биде собрана го август годинава. Останатите потенцијални инвеститори на заемот од ЕИБ гледаат како на гаранција за одржливоста на проектот со оглед на длабинската анализа која ја спровела банката за да го издаде заемот.

- Advertisement -

Производителите на батерии водат особено жестока борба за суровини, при што производителите на автомобили настојуваат да ја намалат употребата на скапи материјали, особено кобалт, во производството на батериите за електрични автомобили за да ги намалат трошоците.

Northvolt моментално склопува батериски ќелии по формула слична на доставувачот на Teslа, Panasonic, s со низок удел на кобалт NMC811.

Сподели!
- Advertisement -