Ова е првото место во Азија кое ги легализираше еднополовите бракови. Парламентот во Тајван, Кина, усвои закон со кој се легализираа геј браковите. Илјадници луѓе се собраа по улиците во знак на поддршка и прослава на овој секако историски момент за поддршката на ЛГБТ заедницата во регионот, но и во светот.
Но, и покрај усвоениот закон, општеството има поделени мислења и ставови по ова прашање. На референдум во 2018 година мнозинството од населението гласаше за задржување на традиционалните семејни вредности. Истополовите бракови се легални во некои азиски земји, но се уште се казниви во земји како Бангладеш, Пакистан и Малезија.
Дури и кога геј врските и браковите се легални, луѓето кои припаѓаат на оваа заедница се соочуваат со безброј предрасуди и дел од нивното секојдневие се навредите и малтретирањето кое го трпат од другите луѓе. Поради својата сексуална ориентација тие честопати не можат да се вработат на местата кои ги сакаат. Пример за тоа е армијата во некои земји.
Оваа одлука за легализација на истополовите бракови е битен чекор напред за поддржувачите на ЛГБТ заедницата, кои се надеваат дека ова ќе биде пример за во текот на наредните години да се случат слични законски промени во други земји во светот.