Ситуацијата е уште поалармантна – научниците предвидуваат огромно покачување на нивото на морињата до крајот на овој век

- Advertisement -

Долго време се веруваше дека нивото на светските мориња и океани до 2100 година ќе се зголеми поради топењето на ледот. Научниците претходн предвидуваа дека тоа покачување може да изнесува околу еден метар, но едно ново истражување базирано на мислења од експерти носи нова проекција за порастот на нивото на морињата – речиси двојно повеќе за истиот период.

Авторите на истражувањето веруваат дека во такво сценарио, стотина милиони луѓе би останале без своите домови и дека ќе мора да се преселат од крајбрежните делови на светот во внатрешноста. За да добијат појасно предвидување за топењето на ледот на Земјата, научниците спроведува т.н. структуриран суден ден, во кој направија предвидувања базирани на нивното знаење и познавање на процесите на Гренланд, на западниот и источниот дел од Антарктикот.

- Advertisement -

Истражувачите сметаат дека ако се продолжи со сегашното темпо на емисијата на стакленички гасови, нивото на светските мориња и океани до 2100 година може да се покачи на од 63 до 238 см. Станува збор за најцрното сценариот досега при глобално затоплување од 5 степени Целзиусови. За 2100 година тоа значи дека ледената покривка би го подигнала нивото на морињата од 7 до 178 см, но ако на тоа се додаде топењето на глечерите и ледената покривка надвор од поларните кругови и термалното ширење на мориата, таа бројка ќе биде поголема од 2 метри.

Според авторите на студијата, во вакво едно сценарио светската копнена маса ќе се намали за околу 1,79 милиони квадратни километри, односно за површина еднаква на површината на Либија. Притоа, најголем дел од изгубената копнена маса би бил во пдорачја од светот каде што се одлгедува најголема количина храна како што се делтите на реката Нил, а не би биле поштедени ни големите градови како Лондон, Њујорк и Шангај.

- Advertisement -

Ова сценарио, односно потенцијалната хуманитарна кризa авторите на студијата го споредуваат со мигрантската криза во Европа. Односно, мигрантската криза предизвикана од војната во Сирија резултираше со доаѓање на околу 1 милион бегалци во Европа, но подигнувањето на нивото на морињата за 2 метри ќе резултира со отприлика 200 милиони луѓе без покрив над глава.

Сподели!
- Advertisement -