Како тимот кој работеше на дизајнот на Галакси С10 креираше Галаксија за Сите

- Advertisement -

Галакси С10 серијата е симбол на деценија Галакси иновации со неверојатни нови карактеристики и наградувана технологија. Но, првата работа која потрошувачите ја забележуваат кога го гледаат новиот Галакси С10 не е динамичниот АМОЛЕД екран, или пак системот камери на професионално ниво, туку е привлечниот дизајн.

Главниот, водечки концепт на дизајнот на Галакси С10 серијата е “радикален, магичен“. Започнувајќи од светлите бои и луксузни материјали, па се до елегантниот облик и приказ, Галакси С10 серијата воведува радикални промени со волшебен изглед. Фокусирајќи се на боите на призмата, дизајнерскиот тим се стремел да создаде радосни нијанси кои се менуваат во зависност од тоа како се осветлени, резултирајќи со уред кој се прелева во широк спектар на бои додека ја одбива светлината.

- Advertisement -

За да ја креираат нијансата “Призма Бела’, дизајнерскиот тим одговорен за бојата на уредите нанел околу 1.000 листови нано-филм, секој со различна рефлексивност, еден врз друг. Вистинскиот предизвик со кој тимот се соочил е финото нагодување која боја да се издвојува најмногу. Покрај прилагодувањето на “призма“ дизајнот, тимот исто така воведе и нови, смели бои кои се особено привлечни за Генерацијата Зед и Миленијалците. Во согласност со моменталните трендови, игривите бои за кои се одлучил тимот за дизајнерска стратегија се “канарско жолта“ за Галакси С10е и “Фламинго Розева“ за моделите Галакси С10е, С10 и С10+.

 

- Advertisement -

За прв пат во Галакси сериите, тимот исто така воведе и премиум керамички “грб“ за новиот Галакси С10+ во две бои – Керамичко Црна и Керамичко Бела. Земајќи в предвид дека традиционалната керамика се загрева до 1.400 степени целзиусови, керамичките грбови на Галакси С10+ овозможуваат поголема цврстина и издржливост, како и зголемена отпорност на гребење, благодарение на додадениот внатрешен слој на заштитна фолија. Прекрасниот керамички “финиш“ е резултат на интензивен 200-часовен процес, целосно управуван од Самсунг, од почеток до крај, се со цел да се задоволат барањата на корисниците кои се љубители на пософистициран изглед за нивниот уред.

Зборот кој ја дефинира Галакси С10 серијата е “избор“. Од опцијата за рамен екран и компактен облик кај Галакси С10е, се до поголемите екрани на Галакси С10 и С10+, за секој тип на корисник има по некој модел кој ќе ги задоволи нивните потреби.

- Advertisement -

Клучен приоритет за дизајнерите на оваа серија беше да обезбедат беспрекорност кај целата серија. На пример, тимот ја позиционираше предната камера создавајќи непречен приказ на содржината на екранот или пак, го оптимизираше го рефрактивниот сооднос на екранот за да ги минимизира рамките.

Секако, при развојот на дизајнот на уредот, им претстоеле и поголеми предизвици. Сигурно, безбедно и удобно држење на уредот е од витално значење за смартфон, па затоа обликот на уредот бил главна точка во фокусот на дизајнерскиот тим. Обликот на рабовите на Галакси С10 создаваат чувство на отвореност. Обликувани да овозможат уредот да биде мазен и цврст, допринесуваат чувството при држењето на уредот да е одлично, а воедно и практично – намалувајќи ја сенката на екранот од рефлектираната светлина.

Овие избори при дизајнерскиот процес може да влијаат на интегритетот на екранот – особено на технолошки напреден дисплеј како Инфинити-О. Но сепак, тимот на Самсунг го пронашол клучот за успех – совршена рамнотежа при чувството на цврстина и тенкост.

При создавањето на Галакси С10 серијата, секоја одлука, без разлика дали мала или голема, била од голема важност. Резултатот е нешто неверојатно. Уреди кои го одликуваат наследството на Галакси и поставуваат нови стандарди за паметните телефони.

Во рамки на дизајнот на паметни телефони, компанијата Самсунг е посветена на задача која не е воопшто лесна – континуирана иновативност. Слушајќи ги корисниците и посветено работејќи, Самсунг ги помести границите на дизајнот креирајќи ги Галакси уредите во кои сите можат да  уживаат.

Сподели!
- Advertisement -