ССК побара 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

- Advertisement -

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата“ достави пакет од 78 мерки  во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. Претседателот на Сојузот, г-ѓа Данела Арсовска, претседателот на Владата, г. Зоран Заев  и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г. Кочо Анѓушев, во присуство на деловната заедница, дипломатскиот кор, ресорни министри, претседатели на комори, во своите официјални обраќања ja истакнаа важноста од активно вклучување на Сојузот, во креирање политики за создавање на подобри услови за деловната заедница со континуирано јакнење на  јавно приватниот дијалог, а со тоа и на делување за раст и развој на националната економија. Пораката која деловната заедница ја упатува со економските мерки на годинешниот Деловен појадок, сублимирано е да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки кои го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат  во приватен сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата, рече Арсовска во своето обраќање.

Сојузот подготви пакет од 78 економски мерки кои се однесуваат на  измена на законската регулатива,  административните бариери и парафискалните давачки кои се голем предизвик во секојдневието на приватниот сектор, неопходност од дигитализација, поддршка на компаниите во надворешната и внатрешна трговија, индустријата и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа“, изјави Арсовска и доби ветување од претседателот и заменик-претседателот на Владата дека на истите сериозно ќе се пристапи и сооодветно реагира со точно утврдени рокови за реализација.

- Advertisement -

Во своето обраќање претседателот на Владата, Заев, упати апел до компаниите  оваа година да ги искористат сите можности кои се понудени преку Планот за економски раст и Законот за државна помош, за што годинава од Буџетот се издвоени 70 милиони евра за поддршка и за развој на приватниот сектор и за домашните и странските компании. Тој додаде дека и оваа година со измените на Законот ги олесниле критериумите. со тоа што и трговските компании, кои реализираат производство стануваат корисници, исто така и компаниите од ИТ индустријата, како и компаниите од преработувачката индустрија од земјоделството, мерки кои биле предлози и од Сојузот.

- Advertisement -

Заменик-претседателот на Владата, Анѓушев ги информираше присутните за досегашните резултати од реформите, странските инвестиции кои веќе започнаа со инвестициониот процес, новата Чешка инвестиција, планираниот тендер за изградба на фотоволтаици, како и новите мерки за стучно усовршување на кадарот.

На Деловниот појадок претседателството на Сојузот ги елаборираше економските мерки кои треба да се превземат за подобрување на деловниот амбиентот. Сојузот на стопански комори е познат по своите значајни достигнувања во креирањето економски мерки базирани на анализи на предизвиците и конкретни предлози за нивно надминување, мерки кои во изминатите години имаa и до 80% реализација.

Сподели!
- Advertisement -