Во денешно време без приватност и кога секогаш постои можнот некој без наше знаење да не шпионира и да не снима, односно да ги собира нашите податоци и да ги искористува за огласување, идејата за уред кој може да ги препознава човечките емоции и тие информации да ги користи за попрецизно огласување и препорака на производи сигурно ќе ги одушеви корисниците. Токму на таков уред работи Amazon.
Според гласините, станува збор за производ од категоријата велнес и здравје, кој го развиваат компанијата Lab126 (позната по успешниот и помалку успешниот хардвер на Amazon) и софтверскиот тим кој го развива и гласовниот асистент Alexa.
Алката на Amazon е опремена со микрофони и софтвер кој се базира на човекиот глас и може да препознае емоции како среќа, тага, страв итн. преку апликација поврзана со паметен телефон. Со понатамошен напредок на технологијата оваа технологија ќе може на корисниците да им дава совети за интеракција со другите луѓе. Секако, ако баш сакате алката со вештачка интелигенција да ве советува како да се однесувате.
Освен препознавање на емоциите на луѓето, не е познато дали овој уред ќе има и некои дополнителни можности како следење на здравјето зашто прашање е кој би сакал да носи уред кој не прави ништо друго. Amazon веќе го пријави патентот за тој уред и во тек е негово тестирање, но голем број патенти никогаш не се претвораат во конечен комерцијален производ, така што постои можност никогаш да не биде претставена оваа алaтка.