Кина има повеќе од 770 милиони Интернет корисници

- Advertisement -

Бројот на Интернет корисници во Кина, земјата со најбројна популација во светот, се зголеми за 5,6% во однос на 2017 година и сега изнесува 772 милиони луѓе, соопштиле кинеските власти.

Како што пишува N1, вкупно 55,8% од 1,4 милијарда Кинези користат Интернет според податоците на владиниот Центар за информации. Држава за само една година добила 41 милиони нови корисници што е број поголем од популацијата на Канада.

- Advertisement -

Т.н. мобилен Интернет стана популарен во Кина каде граѓаните најмногу користат таблети и паметни телефони.

Уште од порано, во Кина се забранети одредени меѓународни веб страници како Facebook, Instagram, Twitter, YouTube и Google, додека пак содржините на домашните веб страници се под контрола.

Сподели!
- Advertisement -