Финансиска поддршка од ФИТР за учество на ученици на повеќе меѓународни натпревари и олимпијади

- Advertisement -

Фонд за иновации и технолошки развој ќе го поддржи учеството на меѓународни натпревари и олимпијади на ученици од тимовите на “Друштвото на физичари на Македонија“, „Сојузот на техничари и технолози на Македонија“, Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој Стем Академија и од ОУ “Јохан Хајхрих Песталоци” од Скопје.

Тимот на учениците физичари од „Друштвото на физичари на Македонија“, кој ФИТР го  поддржа и минатата година на Олимпијадата во Боцвана од каде се вратија со три бронзени медали, во јули ќе се натпреварува на 50та Меѓународна олимпијада по физика во Тел Авив.

- Advertisement -

Талентираните ученци хемичари ќе не претставуваат на 51та Интернационална Олимпијада по хемија која ќе се одржи во јули во Париз, а ученици од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кои освоија златни и сребрени медали на регионалниот натпревар во Скопје се квалификуваа за учество во глобалниот напревар „World Schollars Cup“ кој ќе се одржи во Хаг во јули.

Тимот SPACE WALKERS, составен од деца кои посетуваат часови по наука, технологија, инженерство и математика во рамките на СТЕМ Академија, благодарение на успехот постигнат во Цеље на финалето во Адриа FIRST LEGO LEAGUE, натпревар во кој е насочен на едукативна роботика, се пласираше на светско првенство на FLL лигата во Либан кој се одржува во јуни 2019 година.

- Advertisement -

Средствата се обезбедени од ФИТР со пренамена на тековните трошоци на Фондот. Ова е дел од Програмата за поддршка и развој на таленти“ која ја развива ФИТР во соработка со УНИЦЕФ. Тим од професори, претставници на академската фела и ФИТР неколку месеци работат на изготвување концепт кој треба предложи системско решение кое ќе вклучува инструменти за поддршка на талентираните деца и координирани активности како и иницијативи на сите релевантни институции.

Оваа иницијатива е произлезена од бројните барања за поддршка на ученици од страна на ФИТР, како и од програмата за поддршка на млади истражувачи која прв пат беше објавена во ноември 2017 година.

- Advertisement -

Инаку ФИТР само во изминатата година има инвестирано близу 10 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивната критичка мисла и иновативност.

Сподели!
- Advertisement -