Во согласност со новата методологија која РКЕ ќе ја користи за пресметка на цените, денес комисијата ги објави новите новите малопродажни цени. Првата одлука на комисијата по новата методологија е намалување на цените на нафтените деривати за просечно 0,97%.
Со новата методологија е зголемена малопродажната маржа од 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа од 6,2 до 6,5 денари за литар. Трошоците за транспорт учествува во цената со 0,75 денари за литар. Во иднина РКЕ ќе ја одредува највисоката цена на нафтените деривати по која трговците ќе може да продаваат.
Според одлуката на РКЕ, бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1 денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за 2, односно за 1 денар за литар. Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 73 денари за литар, а за 2 денари по литар се намалува цената на Еуродизел, кој ќе се продава по 64 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 1 денар по литар и ќе чини 53,5 денари. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,959 денари за килограм и ќе изнесува 35,964 денари.