На видеото подолу можете да го видите новиот влез во градот Афслодејк во Холандија. Влезот е футуристички и сега го носи името Порта на светлината.
Автомобилите што поминуваат по патот, всушност, се тие што го осветлуваат со своите светла. Светлината од нивните светла се пренесува и се рефлектира преку многу мали призми.
Ако по патот не поминува кола, тој нема да биде осветлен. Секој ден најмалку 20.000 автомобили поминуваат по тој пат, па за овој начин на осветлување се троши нула енергија и не се загадува околината.
Портата на светлината е дело на холандското архитектонско студио Роозегарде. Новата инсталација ги оживува 60-те стари монументални столбови од 1932 година.
Futuristic street lights are illuminated by the headlamps of passing cars.
Posted by Startup Selfie on Петок, 31 мај 2019