Јапонија има посебни шуми каде што луѓето одат за да се доближат до природата и да избегаат од брзиот живот во градовите. Јапонија го промовира т.н. бањање во шумите за подобро здравје уште од 1982 година.
Сега годишно јапонски специјални шуми за терапија, кои ги има 62 на број, ги посетуваат 5 милиони луѓе. Земјата има потрошено 4 милиони долари на истражувања за здравствените бенефити на шумите познати како шинрин јоку.
Резултатите од истражувањата покажале дека кога редовно шетаме во шума се чувствуваме посреќни и помалку под стрес, се намалува крвниот притисок и се нормализира срцевиот ритам, а се зајакнува и имуниот систем
Тие позитивни ефекти на прошетката во шума може да траат до еден месец. Притоа, за да ги почувствувате бенефитите од терапевтската моќ на шумите не мора да шетате во шума, туку доволно е само да седите во присуство на дрвја затоа што шумата врши терапија со маслата што ги испуштаат дрвјата. Тие масла се наречени фитонциди и ги штитат дрвјата од инсекти и ги убиваат бактериите, а кога ги вдишуваме не штитат и нас.
Japan has special therapy forests where people go to get closer to nature
The ultimate natural remedy. 📕 Read more: https://wef.ch/2tK9btW
Posted by World Economic Forum on Понеделник, 03 јуни 2019