Ако неодамна сте дипломирале, веројатно сте слушале некои предавање за кои сте мислеле дека ќе ве подготват за првата работа. За жал, најголем дел од она што ви треба за успех во бизнисот се вештини за кои не сте можеле да учите на факултет, а со самото тоа се отежнува и пријавувањето за некои работни позиции.
Најголем дел од луѓето денес се фокусираат на работни места за кои се преквалификувани. Кога ќе ги погледнете сите квалификации потребни за некоја работа на почетно ниво и алатките кои ги користат работодавците, ќе сфатите дека ништо од тоа не сте учеле на факултет и не сте ги стекнале сите тие знаења и вештини.
Меѓутоа, само затоа што ги немате сите потребни квалификации не значи дека не треба да се пријавите. Затоа луѓето главно се фокусираат на работа за која се преквалификувани затоа што добро е чувството да знаете дека уште на самиот почеток ќе знаете се. Но, долгорочно гледано, таквото работно место потешко ќе ви обезбеди напредок и најверојатно ќе стагнирате и потешко ќе добиете унапредување. Вашата желба за напредок многу често ќе мора да ја задоволите по завршувањето на работното време.
Еден од факторите поради кој луѓето ретко се пријавуваат за работа за која не се квалификувани е синдромот на измамник, односно чувството дека сте дошле на позиција за која не сте сигурни дека би знаеле како да ја вршите. Проблемот кој се јавува е и страв дека другите ќе дознаат дека немате квалификации и нема да можете да ја задржите работата.
Многумина кога почнувале да работат морале да научат многу битни вештини, па затоа битно е да го отфрлите стравот од непознатото и од вашата потенцијална нeквалификуваност. Наместо тоа, новата работа за која можеби не сте квалификувани, гледајте ја како предизвик. Истражувањата покажале дека концептот кој подразбира размислување колку одделни задачи се тешки поради тоа што немате некои вештини, а колку поради тоа што ви фали талент е оној што треба да го прифатиме сите. Практично, тоа значи дека за сите нас е корисно на огласите за работа да гледаме како на насоки за тоа што вклучува позицијата, а не како строг список со барања кои мора да ги исполнува секој кандидат.