Фармерите од Исланд открија начин да одгледуваат храна на Арктикот

- Advertisement -

Фармери од Исланд открија начин како да одгледуваат храна на работ на арктичкиот круг. Тие увидоа дека можат да ја користат енергијата од геотермалните извори на Исланд и со помош на вриената вода да загреваат џиновски стакленици. На тој начин можат да одгледуваат домати и краставици дури и за време на темните зими на Исланд кога температурата редовно е под нулата.

Во текот на зимата на Исланд сонцето грее само пет часа во денот ,па речиси ништо не може да се одгледува надвор. Геотермалната енергија се користи во стаклениците на Исланд веќе 20 години, но сега работите се менуваат. Сега благодарение на новата, понапредна технологија фармерите можат да направат уште поголеми и поефикасни стакленици.

- Advertisement -

Секој од тие стакленици е опремен со систем за контрола на климата и со него се одредува влажноста, осветлувањето и наводнувањето на растенијата. Геотермалната енергија се користи за добивање на една четвртина од електричната енергија на Исланд, а остатокот од струјата се добива од други обновливи извори.

Сподели!
- Advertisement -