НАСА ќе испрати хеликоптер на Марс

- Advertisement -

НАСА за следното лето планира нова мисија на Марс. Полетувањето се чекува во текот на јули, додека слетувањето на Марс во кратерот Езеро се очекува кон средината на февруари 2021 година. Роверот кој ќе слета на површината би требало фа бара доказ за потенцијални знаци на живот во минатотот, а оваа мисија е посебна и по тоа што освен роверот, НАСА за прв пат на Марс ќе испрати хеликоптер.

Секако, тоа нема да биде класичен хеликоптер, туку посебно летало кое ќе може да полетува и да слетува вертикално и кое во текот на последните неколку месеви се тестира во услови какви што има на Марс. Освен тоа што ќе мора да преживее многу минусни температури, хеликоптерот треба да биде прилагоден на густината на воздухот на таа планета, па затоа се тестира во посебна вакуумска комора, а споен е со посебен кабел чија улога е симулација на гравитацијата на планетата.

- Advertisement -

Направени се и тестирања со кои начниците ќе се уверат дека марсовскиот хеликоптер ќе го преживее полетувањето со ракета, Сите досегашни тестови беа успешни, така што очекувањата на научниците се навистина големи, иако на него нема да има посебни инструменти, туку само камери кои треба да дадат прецизна слика од површината на Марс  и соларни панели.

Со овој проект НАСА сака да покаже дека е можно од Земјата да се управува со беспилотно летало на други планети, а ќе помина повеќе од година и пол додека дознаеме дали тоа е навистина возможно.

Сподели!
- Advertisement -