Денеска ќе биде претставен македонскиот иновативен уред за мерење на аерозагадувањето – „Bluecloud“

- Advertisement -

Центарот за трансфер на технологии и иновации „Инофеит“ и компанијата „Информ“ денеска ќе го претстават мобилниот инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето (Pm₁₀, Pm₂.₅, CO₂, NO₂, SO₂, CO) – „Bluecloud“. Производот е плод на соработката на „Инофеит“ и „Информ“, а е развиен со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

„Потребата за ова ново техничко и иновативно решение произлегува од проблемите со аерозагадувањето во земјата. Зголеменото количество на ПМ-честички во воздухот, како и останати штетни гасови што секојдневно ги вдишуваме во урбаните средини низ државата, создаваат огромна штета на генералното здравје на популацијата, како и непоправлива економска штета за државата. За да се собори овој голем проблем, потребна беше иновација и соработка на повеќе нивоа“, се вели во соопштението.

- Advertisement -

Оваа иновација, како што се наведува во соопштението, ќе донесе можност за проширување на микролокации што не се покриени со стационарните мерни станици, а со тоа се добива можност да се вршат мерења и преку наведувани летала – дронови, зголемено количество информации со аналитика преку cloud сервис и модуларен пристап со што ќе го олесни начинот на одржување на уредот.

Сподели!
- Advertisement -