Истражувачи од Универзитетот Британска Колумбија во Канада открија начин да претворат крв од групата А во универзално прифатлива форма или нулта. Со тоа количината крв во светот која може да спаси живот е дуплирана. Според Science Magazine, ново истражување покажа дека научниците откриле нов начин на претворање на крвта од едната во другата група.
Нулта негатив крвната група е универзално прифатлива затоа што нема антигени, односно супстанции кои предизвикуваат рекација кај имунолошкиот систем .Сепак, според американскиот Црвен крст, само 7% од луѓето во САД имаат крва од групата нулта негатив. Бидејќи секој може да прими крв од групата нулта негатив, а малкумина имаат таква крв, има голема побарувачка и недоволно залихи.
Истражувачите успеале да најдат бактерии во стомакот кај луѓето кои произведуваат ензим кој ги остранува антигените од крвната група А и ја претвораат во крвна група нулта негатив. Треба да се направат дополнителни истражувања за да се осигураат дека сите антигени се отстранети од крвната група А, но ако процесот биде успешен, крвната група А може да го револуционизира светот на трансфузиологијата.