Од Скопје до Холивуд: FX3X отвора школа за визуелни ефекти

- Advertisement -

Визуелни ефекти, aнимација, постпродукција. Ова се едни од највозбудливите и најбарани професии во последниве години, а кај нас за најдокажани во сферата важат FX3X. Како што сме веќе повеќето свесни, станува збор за компанија која со своето 20 годишно постоење денес е незаменлив дел од организациите кои работат на визуелни ефекти за најголемите и најскапи филмски блокбастери.

Од првиот поголем проект, Aviator на Martin Scorsese, па наваму FX3X имаат работено на TransformersStar WarsAquamanGuardians of the GalaxyMission ImpossibleGodzillaBlack PantherSpider ManCaptain America и десетици останати.

- Advertisement -

Сега FX3X отвараат школа за сите оние кои сакаат да го научат занаетот, односно школа за визуелни ефекти наречена VFX Nest. Прва од својот вид во Македонија.

Се разбира, во рамки на школата, директно ќе бидат вклучени најискусните артисти од FX3X. На тој начин студентите ќе имаат можност да учат директно од оние кои работеле на култни сцени од нивните омилени филмови, а зошто да не и наскоро, да се видат и себеси како дел од оние кои се впишани во шпиците на добитници на Оскар.

- Advertisement -

Пријавувањето во школата е едноставно. Се што треба да направиш е да испратиш имејл на vfxnest@fx3x.com или на оваа контакт форма по што ќе ги добиеш сите податоци за упис во VFX Nest.

- Advertisement -

(Извор и фото- www.reborn.mk)

Сподели!
- Advertisement -