Научници успеаја да создадат подводен звук кој е толку силен што речиси веднаш предизвикува вриење на водата и испарување. Секој што е принуден да слуша музика која не ја сака знае дека има некои звуци кои едноставно пречат и прават да чувствувате како ви врие мозокот, но овој звук предизвикува вистинско вриење.
Истражувањето, кое го спроведоа научници од акцелератор при Универзитетот Стенфорд, беше извршено со помош на ласер кој испрати енергија со масовна фреквенција и кратки пулсирање, па предизвика микроскопски млаз од вода. Кога енергијата ќе навлезе во водата, водата почнува да се однесува како да е ставена на шпорет на највисока температура.
Овав реакција е предизвикана од звукот кој се создава и е толку силен што предизвикува молекулите на водата веднаш да испарат. Она што е најинтересно е дека како што испaруваат молекулите на водата може да се види шок бранот кој влијае на водата до тој степен што водата се движи лево десно, но не се дели.
Значи, молекулите на водата се агитирани, но не како што би биле под дејство на Х зраци. Истражувачите имаат теорија дека нивото на притисокот кој се создава со шок брановите е под точката на целосно молекуларно распаѓање. Тоа значи дека ова е крајната горна граница до која звукот може да отиде под вода без да се разложи водата.
Значи, колку е гласен тој звук? Ако го изразуваме во децибели, тој е еднаков на 270 децибели. За споредба, тоа е погласно отколку што е една ракета при полетување!