Психолошки муабет: За менталното здравје! Јавните личности говорат за менталното здравје

- Advertisement -

Менталното здравје е еднакво важно исто како и физичкото, но живееме во време кога мал број на луѓе се свесни и информирани за тоа. Стигмата сеуште е многу гласна, па затоа лицата коишто се соочуваат со проблем се тивки, а помошта тајновито ја бараат.

Тоа е главната причина поради која што првиот специјалзииран машки онлајн магазин кај нас Friday.mk,  во соработка со Мој Психолог ќе го организра настанот Психолошки муабет: За менталното здравје! Настанот ќе се оджи во Јавна Соба на 19 јуни во среда со почеток во 18:00  часот.

- Advertisement -

За жал постојат многу митови, табуа и муабети кои се гласни низ годините наназад во нашето општество- а истите за некого можат да бидат и пречка за да побара соодветна помош за подобрување на менталното здравје.

- Advertisement -

Ви звучат познато?

–              На психолог одат само лудите, а ако отидеш ќе те направат луд.

- Advertisement -

–              Депресијата не е болест, можеш да се справиш сам.

–              Ако доволно читам за некоја ментална болест ќе се самоизлекувам.

–              Панични напади имаат само тие со слаб карактер.

–              Ако некој се разболи од ментална болест, засекогаш останува болен.

Дојдете на Психолошки муабет заедно да ги разрешиме, урнеме и демистифицираме заедно со: Жарко Димитриоски (Жаре 1 на 1), Јасна Лековска (Јасна Trinity), Јосиф Дамјанов (Coach Josif), Ксенија Николова и Зоран Витанов.

Настанот е од отворен карактер, но потребно е да го најавите присуството на следниот линк

*Вашиот ваучер од 300 ден. ќе можете да го купите пред почетокот на настанот и да го искористите за кафе или пијалок по избор.

Доколку имате прашања за настанот и сакате повеќе информации јавете се на 075/964-015 (Бојана, Мој психолог) или пак на 072/213-033 (Friday.mk)

Сподели!
- Advertisement -