Наскоро ќе биде готов првиот хрватски електричен болид

- Advertisement -

Компанијата GlobalLogic Hrvatska и FSB Racing team ја интензивираа соработката на конструкцијата на првиот хрватски електричен болид за меѓународни натпревари, која е планирана за втората половина од годинава. Со оглед на тоа дека GlobalLogic Hrvatska има богато меѓународно искуство во развој на софтвер за светски познати брендови во автомобилската индустрија, на тимот од студнети ќе им нуди советодавна поддшка врзана за дизајнот на софтвер и за отстранување на постојните недостатоци.

На тимот од студенти кои работат на изработката на првиот хрватски електричен болид дополнително ќе им помогне и искуството на компанијата GlobalLogic, која развива софтверски компоненти за идни платформи за електрични возила. FSB Racing Team е интердисциплинарен проект на студенти од повеќе факултети на Универзитетот на Загреб, кој се одвива и се финансира со поддршка на Факултетот за инженеринг и бродоградба и домашни приватни компании.

- Advertisement -

Главната цел на овој проект е создавање на нови генерации млади инженери до практично искуство и менаџерско знаење и разбирање за функционирањето на тимот, хиерархијата и општо бизнис средината. FSB Racing team е во заврпна фаза од изградбата на болидот и наскоро ќе почне со тест-возење за натпревари.

Сподели!
- Advertisement -