Во Јапонија следува казна ако управувате со дрон додека сте под дејство на алкохол

- Advertisement -

Откако во Јапонија беше изгласан законот кој носи нови промени во врска со управувањето со беспилотни летала, во Земјата на изгрејсонцето ако пиете алкохол, не само што не смеете да возите автомобил, туку не смеете ни да управувате со дрон. Јапонците сметаат дека луѓето кои управуваат со беспилотни летала под влијание на алкохол се исто толку опасни колку и пијаните возачи на автомобили и претставуваат опасност за другите луѓе.

Според новиот закон, ако пилотирате со дрон под дејство на акохол следува парична казна, но и казна затвор од дури една година. Јасно е колку дроновите може да бидат опасни. На пример, падот на некое беспилотно летало врз група луѓе може да има трагични последици, па затоа е битно личноста што управува со леталото да биде внимателна и трезна. Трагедија може да предизвикаат и трезни луѓе кои управуваат со дрон во близина на други луѓе, па затоа и за нив ќе следува висока парична казна.

- Advertisement -

Уште една новина во законот се однесува на местата каде што може да се управува со дронови. Без претходна дозвола, не смее да се управува беспилотно летало поблиску од 300 метри од јапонските вооружени сили, од американската војска, како и од одбранбените градби. Уште од претходно беше забрането управување со дронови во близина на нуклеарни електрани, во близина на канцелариите на премиерот и на јапонскиот парламент, а ќе биде забрането и управување со дронови бо близина на стадиони и борилишта во текот на Олимпијадата која идната година ќе се одржи во Јапонија.

За управување со дрон во Јапонија повеќе нема да треба дозвола, но сопствениците на дронови ќе мора да почитуваат одредени правила како да ги летаат дроновите на максимална висина од 150 метри, секогаш да им бидат во видокругот, а не смеат да се приближуваат до аеродроми и до места на кои има многу луѓе.

Сподели!
- Advertisement -