Нови цени на горивата

- Advertisement -

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35%.

- Advertisement -

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе продолжи да се продава за 69 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60 денари, а Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,848 денари за килограм се намалува малопродажната цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,003 денари.

- Advertisement -

На светскиот пазар во изминатите седум дена се бележи пораст на референтната цена кај бензинот во просек за околу 2,44% или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,088% или 5,95 долари по тон. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82%.

Сподели!
- Advertisement -