Фановите на популарната франшиза за малиот волшебник Хари Потер и неговите авантури наскоро ќе можат да го доживеат светот на магијата преку играта која ја направи компанијата Niantic, позната по својот успех со апликацијата Pokemon Go.
Играта ќе биде достапна во САД и во Велика Британија уште утре, а се очекува дека корисниците од другите делови од светот ќе можат да ја инсталираат до крајот на јуни.
На своите прошетки по град играчите ќе имаат можност да се борат против лоши волшебници, да учат нови магии, да откриваат мистериозни работи и да се среќаваат со ѕверови кои се споменуваат и се појавуваат во книгите и во филмовите „Хари Потер“.
Официјалниот назви на играта е „Harry Potter: Wizards Unite”, а веќе може да се нарача преку продавниците на Google и Apple.